Колстад пресилен против Пелистер

Пелистер беше надигран и совладан во првиот меч од новата сезона во ЕХФ Лигата на шампионите, откако норвешкиот Колстад предводен од Сандер Сагосен стигна до убедлива 22:31 (10:16) победа. Ова беше прв меч во Лигата на шампиони на норвешкиот клуб, додека Пелистер се враќа во европската елита по 18 години.

Одбраната на Колстад беше супер-моќна на почетокот на мечот, и на Пелистер им беа потребни 10 минути да го постигнат вториот гол од мечот, и во првото полувреме паднаа на -6 (16:10). И во второто полувреме, ситуацијата беше идентична, и македонскиот клуб тешко доаѓаше до голот на гостите, кои пак го покажаа својот квалитет.

Богдан Радивојевиќ со шест гола беше најдобар во тимот на Пелистер, Нејц Цехте додаде четири, додека кај норвешкиот клуб, Адријан Алберг заврши со 9 гола, а Сагосен и Гулеруд додадоа по четири гола.

Фото: ЕХФ

Претходна вестУапсен скопјанец, ја истепал својата сопруга
Следна вестСончево со умерена облачност