Темен режим Режим на светлина

Филипче смета дека Мицкоски нема храброст да признае дека згрешил што навреме не ги прифати мерките предложени од СДСМ

Филипче смета дека Мицкоски нема храброст да признае дека згрешил што навреме не ги прифати мерките предложени од СДСМ Филипче смета дека Мицкоски нема храброст да признае дека згрешил што навреме не ги прифати мерките предложени од СДСМ

„Христијан Мицкоски нема храброст да признае дека погрешил, дека мерките кои ги предложивме се добри и дека требаше да се имплементираат веднаш, за да не се создаде спиралата на зголемување на цените како последица на растот на горивата, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција по објавата дека утре владата ќе ја намали акцизата за горивата.

„Повторно го слушнавме денеска премиерот како доаѓа на нашето, тоа што го зборуваме повеќе недели, и од оваа партиска говорница, и насекаде по нашите канали за комуникација. Еве сега, допрва ќе ги разгледувале, дел од мерките коишто ги предлагавме во изминатиот период да се олесни економската и финансиската состојба на граѓаните“, истакна Филипче.

Филипче нагласи дека Владата доцни со реакцијата и разгледува само дел од предложените мерки.

„Да ги прифатеше пред неколку недели, немаше да има вакви ценовни шокови за граѓаните, ниту пак други продукти и други сегменти ќе беа во ризик да се зголемат цените“, рече Филипче.

Според претседателот на СДСМ, граѓаните се оставени сами да се справуваат со кризата, а ниту премиерот, ниту било кој во владата има желба и капацитет да им помогне.

Филипче предлага владата дополнително треба да ги разгледа опциите за зголемување на државните резерви на нафта, за, како што рече, да не се соочиме во следните месеци, имајќи ги предвид укажувањата на светските експерти во оваа област, со недостаток на горива.
„Гледаме дека во Европската унија се препорачуваат мерки за намалено користење на возилата, за работа од дома, така што апелирам владата сериозно да си ја фати работата, освен тендерите партиски што си ги делат, нека се посветат малку и на тоа што им е вистинска работа“, рече Филипче.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Ѓраѓани на Албанија на „бензински“ туризам во Македонија, на ГП „Ќафасан“ долги колони, се чека по 2 часа

Ѓраѓани на Албанија на „бензински“ туризам во Македонија, на ГП „Ќафасан“ долги колони, се чека по 2 часа

Следна објава
(Видео) Сообраќајна несреќа кај Анкара, автобус удри во надвозник, загинаа 5 патници

(Видео) Сообраќајна несреќа кај Анкара, автобус удри во надвозник, загинаа 5 патници