Темен режим Режим на светлина

Фрлена бомба во Косовска Митровица, има повредени

Нешто пред полноќ во северниот дел на Косовска Митровица е фрлена бомба во близина на еден од рестораните, на раскрсницата кај Техничкиот факултет. Најмалку едно лице е повредено, а екипи на косовската полиција се на терен, јавува „КоССев“.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани за „Радио Контакт плус“ изјави дека експлозивната направа, најверојатно рачна бомба, била фрлена во близина на мотелот „Бишевац“.

– Едно лице е повредено, и е во болницата во Косовска Митровица, не знаеме колкав е степенот на повредите, изјави Ељшани.

Тој изјави дека полициски екипи се на терен и дека повеќе детали ќе се знаат подоцна. Присутни се и патролите на КФОР.

Во експлозијата се оштетени неколку возила.

Според информациите на порталот „КоССев“, две лица се повредени на местото на настанот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Шестмина поминале на црвено, петмина зборувале на телефон..., казнети 124 возачи

Следна објава

Дивите депонии никако да изчезнат, скопските комуналци лани од нив отстраниле 10.617 кубни метри отпад