Фудбалерите ги почнаа подготовките за натпреварот со Малта, пристигнуваат Елмас, Ристовски и Адеми

Македонските фудбалски репрезентативци започнаа со подготовки за натпреварот против Малта кој ќе се одржи овој четврток. Со овој меч националниот тим ќе го отвори новиот циклус квалификации за претстојното Европското првенство 2024 кое ќе се одржи во Германија.

Селекторот Благоја Милевски го одржа првиот тренинг со фудбалерите, а националниот ќе се комплетира кога ќе пристигнат и Елиф Елмас, Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Дебитантот Давор Здравковски истакна дека е пресреќен што му се исполнил сонот, да биде дел од А-репрезентацијата на Македонија.

– Секое момче кое почнува да тренира фудбал во оваа држава, има само еден сон – да биде А-репрезентативец на Македонија. Среќен сум што сум дел од ова семејство и се надевам дека ќе имаме успеси во иднина, изјави Здравковски.

Натпреварот Македонија – Малта ќе се одигра во четврток на арената „Тодор Проески“, а потоа на 27 март ќе одигра и пријателски натпревар против Фарски Острови.

Претходна вестЌе има ли јајца за Велигден – Владата денеска одлучува за замрзнувањето на цените
Следна вестШто со платите на 110.000 вработени во јавниот сектор?