Темен режим Режим на светлина

Гир за европските препораки за судството: Би било револуција ако Судскиот совет спроведе 17 од нив

Вкупно 40 препораки за подобрување на функционирањето на Судскиот совет содржи Извештај подготвен од оценската мисија на Европската унија. По две посети на Скопје, експерти на ЕУ изготвија извештај за состојбата со Судскиот совет преку кој би требало да се подобри состојбата. На вчерашниот брифинг со новинари евроамбасадорот Дејвид Гир ги презентораше заклучоците.

-Судството се наоѓа во критична точка, потребна е итна акција е потребна да се адресираат овие проблеми. Овие проблеми не се од вчера, туку се акумулирани со тоа што не се соодветно адресирани навремено, кажа Гир на брифинг со новинарите.

За 23 од 40-те препораки се потребни уставни или законски измени, додека за 17, во врска со транспарентноста и практиките на работа во Судскиот совет, не се потребни уставни или законски измени.

Дел од препораките се однесуваат околу изборот на членови, односно кој може да биде член на Судскиот совет, посебно со акцент на дефинирање на терминот „истакнат правник“. Понатаму, се препорачува скратување на мандатот од 6 години на членовите на Судскиот совет, бидејќи со долг престој во Судскиот совет се губи контакт со работата на судовите. Мерките вклучуваат и структурни реформи во Судскиот совет, измени на процесот на селекција на членовите, унапредување на практиките за транспарентност, зголемување на финансиската независност на телото и вклучување на цивилното општество во изборот на членовите во мониторингот на неговата работа.

Според препораките, потребен е етички кодекс за однесување на членовите на Судскиот совет, како и воспоставување процедура за разрешување на претседателот на Судскиот совет и дефинирање на прекршоците за кои би можел да биде разрешен претседателот. Потребно е и подобрување на процедурата за евалуација на судиите при унапредувањата, како и при дисциплинските постапки.

– Доколку Судскиот совет спроведе 17 препораки во следните неколку месеци, тоа би било револуција. За останатите се потребни законски или уставни измени, но нема причина да се одложуваат овие, со оглед на временската рамка за изборите, порача евроамбасадорот Ричард Гир.

Извештајот е веќе споделен со властите и надлежните институции и нема да биде јавно објавен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ГАК препорача продолжување на европскиот пат на земјава по усвојување на уставните измени

Следна објава

Лилјана Минова – Ѓуркова напиша многу дела, го афирмираше македонскиот јазик низ светот