Кривична пријава е поднесена против лицето Р.Б.(53) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
-Тој, во текот на оваа и мината година на лице од Охрид му ветувал дека може да му обезбеди виза за САД и доведувајќи го во заблуда, во два наврата побарал и добил сума од 2.000 американски долари, се наведува во информацијата на МВР.