Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години го освои првото место на квалификацискиот турнир во Молдавија и обезбеди пласман во елитната А дивизија во Лигата на нации на УЕФА, откако попладнево во решавачкиот натпревар за првото место во квалификациите триумфираше над Велс со 2-1.
На мечот против Велс Катерина Петкова и Веса Села беа стрелци на головите. Петкова веќе во 2. минута донесе наше водство, Франсис израмни на 1:1 во 21. минута. Во 50. минута, Веса Села го даде голот за победа на Македонија.
Претходно, избраничките на селекторот Астрит Мерко во воведното коло го совладаа домаќинот Молдавија со 4-0, а во второто беа поуспешни од Литванија со 2-0.
Со максимални три победи Македонија го освои првото место на квалификацискиот турнир и обезбеди место во квалификациите во Лига А за пласман на Европското првенство каде и ќе ги добие противниците за септемвриските квалификации.