Големи поплави во Хрватска, опасност да биде поплавен и Загреб

Југозападна Хрватска е зафатена од големи поплави. Постои и опасност да биде поплавен и Загреб, поточно според хрватското Одделение за водостопанство, Сава би можела да надојде кај овој град во среда на 17 мај.

Постојаните врнежи од дожд во делови од Хрватска предизвикаа излевање на реката Зрмања преку заштитниот ѕид во областа на градот Обровац, а реката Отуча се излеа од коритата во општина Грачац на југозападот на Хрватска. Во овие делови од Хрватска испратени се пожарникари и припадници на планинарската спасувачка служба кои со чамци помагаат во евакуацијата на жителите.

Од планинарската спасувачка служба велат дека во центарот на општина Грачац водата навлегла во многу куќи и дека четири семејства се евакуирани.

Раководителот на Цивилната заштита на општина Грачац, Наталија Турбиќ, рече дека поплавата настанала поради излевање на реката Отуча, издигнување на подземните води и обилните врнежи од дожд, а голема површина од општината што е на пониско ниво е под вода.

– Сите оперативни сили предводени од противпожарните бригади, состојбата во областа Грачац утрово малку се смирува, реката Отуча се врати во своето корито. Пожарникарите и членовите на ХГСС и Црвениот крст сè уште работат на испумпување на водата и давање помош на населението, изјави шефот на Штабот за цивилна заштита на округот Задар, Шиме Вицковиќ.

Поплавите во југозападна Хрватска ги кренаа алармите за можното поплавување на Сава. Според хрватското Одделение за водостопанство, Сава би можела да надојде кај Загреб во среда на 17 мај.

 

Претходна вестТалентираните деца прават многу за Македонија, а што прават неталентираните од власта за нив?
Следна вест„Силјан Штркот“ преведен на руски јазик