Темен режим Режим на светлина

Големи промени во РК Вардар: Борко Ристовски нов извршен директор, Стоилов со двојна функција, доаѓаат шест нови играчи…

Големи промени во ракометниот клуб Вардар се најавени на денешната конференција за печат на која претседателот Михајло Михајловски објави дека се повлекува од својата најодговорна функција како извршен директор. Тој рече дека неговиот наследник на функцијата ќе биде Борко Ристовски, а Стојанче Стоилов ќе биде помошник тренер, но и координатор на сите младински категории во клубот.

– Борко Ристовски е наша легенда во ракомет и неговата карира завршува. Тој се гледа себе во раководните структури на Вардар и затоа ќе биде нов извршен директор. До него е Емил Угриновски, директор на Неуромедика, човек кој е секогаш е дел во спортот, еден од помагателите и на Металург во нивните најдобри изданија. До мене е старо-новиот тренер Недановски, како и Стојанче Стоилов кој се откажува од богатата играчка кариера и ќе му биде помошник на Недановски. Исто така, тој ќе биде и координатор на сите младински категории во Вардар, од пионери до младинци. Стоилов ќе има двојна улога со своите активности во Вардар, Михајловски кој се повлекува од својата раководна функција, но ќе остане тука како советник за клубот на кој му помогна во најтешките денови.

Борко Ристовски ќе ги носи најважните одлуки поврзани за клубот и играчкиот кадар, а денеска откри и кои шест ракометари се веќе ангажирани од страна на „црвено-црните“.

–Ова ќе биде еден поинаков чекор за мене, со големи одговорности, но подготен сум сето она што го знам да им го пренесам на останатите. Верувам дека ќе бидеме успешни повторно, некоја прва цел за оваа сезона е да го стабилизираме клубот, како на финансиски, така и на играчки кадар, изјави Ристовски кој потврди дека пристигнале шест нови играчи, а си оди Дејан Манасков.

То објасни дека се потпишани договори со 6 играчи за кои сметале дека се квалитени, а за кои тренерите решија дека се потребни.

-Останува простор ако се појави некој играч што е потребен да се вклучиме во трка за него. Сега ќе почнеме со оној ростер со кој располагаме. Нови грачи се Марко Срдановиќ, Стефан Петриќ, Матија Николиќ, Нилтон Мело, Косуке Јашухира и Ансер Родригез. Дејан Манасков за жал нема да биде дел од Вардар во новата сезона, по неговата одлука решивме да го ангажираме Срдановиќ како ново перспективно лево крило. Му посакуваме на Манасков многу среќа во иднина, додаде Борко Ристовски.

Фото: Макфакс

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Функционерот на ДУИ, Исмет Гури и неговиот син „паднаа“ во акција на МВР и ОЈО, осомничени 15 лица

Следна објава
Пак запалено возило во Скопје, во Чаир изгорело Ауди

Четворица повредени во сообраќајка, едното возило го управувал 13-годишник