Вчера (18 јули) во 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат Челопек- Милетино, во тетовски Челопек, се случила сообраќајна несреќа. Во несреќатаучествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „фолксваген голф“ управуван од 26-годишниот А.Т. од тетовско Милетино и „бмв“ што го управувал 13- годишен малолетник од Челопек.
-Во несреќата, сопатниците од „голфот“ С.Т.(46) и 27-годишната М.Б. од Милетино се здобиле со тешки телесни повреди, а двајцата возачи со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




