Грчки тур-оператор им го загорчи одморот на десетина илјади Македонци, Срби, Бугари

Десетина илјади аранжмани за летен одмор во Грција на граѓани од Македонија, Бугарија, Србија и Босна Украина, Романија и Русија се откажани откако грчкиот тур-оператор „Музенидис травел“ ги откажал сите патувања од 27 јуни до крај на јули, поради финански проблеми.

Според српските медиуми, белградски туристички агенции добиле известување вчера и сега се бара решение за овие аранжмани.

Бугарските медиуми пак, јавија дека под знак прашање се туристички аранжмани на неколку илјади Бугари кои уплатиле преку агенции поврзани со „Музенидис травел“, кои секојдневно добивале информации дека хотелите во Грција одбиваат да ги прифатат резервациите.

Грчки медиуми јавија дека компанијата со седиште во Солун, ќе се обиде до 31 јули да најде решение со кредиторите и да успее во обидите за финансиска помош од државата.

Претходна вестЧетворица од Стајковци нападнале вработен на бензинска во Ченто
Следна вестРадев прогласи победа во Луксембург: И покрај притисоците, успеавме