Темен режим Режим на светлина

Хамиди: Тасевски кажува за непотизам, неговиот татко беше началник, истовремено беше вработен тој, а и брат му е вработен како контролор

Репутацијата на нашата компанија е доведена во прашање поради лажни клевети од Александар Тасевски дека ништо не чинело, изјави денеска извршниот директор на македонската навигација, Фахрудин Хамиди на прес конференција. По вчерашните настани и упадот на насилниците во просториите на М-НАВ ток тврди дека безбедноста на авио-сообраќајот и навигацијата никогаш била, ниту ќе биде загрозена.

-Граѓаните можат да патуваат безбедн. Сите аргументи што ги кажав укажуваат дека многу работи чинат и ќе чинат. Безбедноста не е никогаш нарушена. За жал, имаме лукративни и лични интереси од негова страна, кажа Хамиди, додавајќи дека колегите што застанале позади Тасевски се „замаени“.

Тој зборуваше за резултатите коишто ги постигнале во опоравувањето на ова државна компанија, а која во 2020-та година била во минус 70% сообраќај и немала средства ниту за оперативни простории, а камоли за плати.

-Успеавме да ја донесеме фирмата на здрави нозе, иако предвидувањата од Еуроконтрол беше тоа ќе го сториме дури во 2025 година – МНАВ денеска ги има подмирено сите загуби кои беа поради надворешен удел, без ниту еден денар помош од било кого. Ние го цениме трудот на нашите експерти, знаеме што значи кадар кој е многу важен за нашата компанија. Беше фамозен еден систем кој што е стар, но без разлика што е стар, тој е во добра кондиција и комплименти за техничарите кои го одржуваат. Со него правиме одржување на целото воздухопловство. Сега имаме нов систем, кој почнува од идната недела да се тестира и верувам дека заедно со нашите експерти и експертите од Еуро контрол, ќе биде пуштен во употреба и ќе биде зголемен капацитетот за 60 отсто. Со него, ќе бидеме во состојба да биде двигател во наредните 30 години. Овој Управен одбор и покрај тешката финансиска криза не запре со обуката на нови контролори за летање. На осум им дадовме договор на неопределено време. Имаме нов кадар, но и искусни кадри, рече тој.

Хамиди потенцира дека, за жал, цело време биле атакувани од страна на синдикалецот Тасевски.

-Не сакавме да излеземе пред медиумите и можеби тука згрешивме. Тој перманентно не повредува сите нас и не не остава да работиме поради негови лични интереси. Репутацијата е доведена во прашање поради клевети дека ништо не чинело. Безбедноста не е нарушена, ниту ќе биде нарушена. За жал, колегите излегоа зад него, иако добро ги разбирам, бидејќи на крајот ќе застанат зад него иако се замаени во случајов. Јас не ги оставам на цедило моите контролори. Тасевски кажува за непотизам, за други работи. Тој е непотизам самиот, неговиот татко беше началник, истовремено беше вработен тој, а и брат му е вработен како контролор, рече Хамиди.

Во однос на вчерашниот упад во редарската соба и нападот на дел од вработените во Контролата на летање, Хамиди истакна дека се случил немил настан и тоа не смеело да се случи, но според него, тоа е конфликт меѓу двајца колеги кои се познаваат 20 години, заедно биле на школување и обука.

-Има набој на енергија. Лична конфротација. Лицата се вработени во М-НАВ и тоа е се што можам да кажам. Има камери и тоа ќе се утврди. Поради фактот дека повисоките органи се занимаваат со истрагата, во интерес на истрагата, не сакам да навлегувам понатаму, додаде тој.

Тој негира дека се видел со Беким Незири, кој ги внел другите напаѓачи во М-НАВ, иако двајцата се кадри на владејачката ДУИ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Се помалку бебиња во ЕУ, а и во Македонија е исто: Ќе си бараме ли чаре или ќе чекаме решение од Брисел, како и за се друго?

По пет дена од почетокот на Новата година во Велес се роди првото бебе

Следна објава

Кучето им ја изело целата заштеда, односно 4.000 долари на браќен пар