Темен режим Режим на светлина

По пет дена од почетокот на Новата година во Велес се роди првото бебе

Се помалку бебиња во ЕУ, а и во Македонија е исто: Ќе си бараме ли чаре или ќе чекаме решение од Брисел, како и за се друго? Се помалку бебиња во ЕУ, а и во Македонија е исто: Ќе си бараме ли чаре или ќе чекаме решение од Брисел, како и за се друго?

Дури пет дена по почетокот на Новата 2024 година во Гинеколошко-акушерското одделение на ЈЗУ Општа болница Велес денеска во 12,30 часот се роди првото бебе. Тоа е машко бебе тешко 3.280 грама на мајката Ивана Јакимовска од село Пеширово, светиниколско на кое и е трето дете.

Како што информира за МИА Марина Андова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, и мајката и бебето се во добра здравствена состојба. Породувањето на мајката по природен пат, го извршил тим од лекари гинеколози д-р Аристотел Тренчев и д-р Силвија Богоевска, заедно со сестри акушерки од одделението.

Инаку, лани во велешката болница се родиле 294 бебиња, освен од Велес и Велешко и од неколку соседни општини. Споредено со претходната 2022 година, во 2023 година се родиле за 89 бебиња помалку.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Тест со отпечаток од прст за проверка на рак на дојка би можел да го замени мамографот

Следна објава

Хамиди: Тасевски кажува за непотизам, неговиот татко беше началник, истовремено беше вработен тој, а и брат му е вработен како контролор