Хекуран Асани и Милан Кораќ назначени за нови директори во М-НАВ

Хекуран Асани и Милан Кораќ се назначени за нови директори во М-НАВ, реши денеска надзорниот одбор на Македонска навигација кој заседаваше во нов состав. Претходно е прифатен предлогот на Владата за разрешување на досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски. Новите директори на функција ќе стапат од наредната недела по комплетирањето на законските формалности.

В понеделник ќе има нова седница на која ќе бидат потпишани записниците од денешната со што одлуката добива формално правна важност и потоа со пропратната документација ќе биде доставена до централниот регистар кој треба да ги впише двајцата нови директори – Асани и Кораќ.

На денешното продолжение на седницата која почна вчера, а на дневен ред беа рокадите на раководните позиции на предлог од Валадата, по инцидентот кој се случи во М-НАВ на 4 јануари.

М-НАВ ја извести Македонската берза дека по барање на Владата е отповикан Хавзи Емини од должноста независен член во Надзорниот одбор и на негово место е назначен Едмонд Калиќи, кој е предлог од синдикатот на М-НАВ. Покрај Калиќи во Надзорниот одбор се и Кристијан Михајловиќ и Димитар Џеков.

Претходна вестВо болница донесено четиригодишно дете, било претепано!
Следна вестУкраинците велат дека имаат сериозен недостиг на муниција