Темен режим Режим на светлина

Има резултат упорното владино инсистирање за гаранции: Се повеќе ЕУ – политичари бараат решение за маките на Македонија при евроинтеграциите

Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

Долги години Македонија само слушаше ултиматуми од ЕУ. Речиси никој не се осврнуваше на македонските потреби. Но, благодарение на цврстиот став на сегашната власт по барањето на гаранции околу евроинтеграциите – од Брисел почнаа повремено да пристигнуваат и разбирања за македонските маки.

Последно такво нешто дојде вчера од белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево, кој отворено призна дека Македонија поминала низ сериозни трансформации и дека е време да добие извесност за својот европски пат. Тој посочи дека гаранции се можни во форма на уверување
дека нема да има нови барања по шест месеци и дека процесот нема повторно да биде блокиран.

Претходно и известувачот за Македонија, Томас Вајц, побара од европарламентарците разјаснување дали за земјава важат поинакви критериуми за пристапување, а слични сигнали стигнуваа и од други европски лидери, меѓу кои и хрватскиот претседател, кој предупреди дека процесот не смее да се претвори во бескрајно поставување нови услови.

Сето ова покажува дека ЕУ сепак слуша и почнува да реагира на аргументирани расправи. Сето ова покажува дека Македонија може да стигне до достоинствено решение околу ервоинтегративниот процес, само треба да се остане упорен дека гаранции мора да има. Дали на ова ќе се приклучи и СДСМ кој упорно бара да се смени Уставот, а потоа ќе се види што понатаму, останува да се види. Граѓаните јасно кажаа дека е доста од коленичење пред странци и оставање простор кој кога сака да ни става вето.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Парични казни од 19.000 евра за оператори со храна изрече АХВ поради неправилоности при извршените контроли, небезбедната храна е уништена

Парични казни од 19.000 евра за оператори со храна изрече АХВ поради неправилоности при извршените контроли, небезбедната храна е уништена

Следна објава
Реконструкција на „Самараџиска“ и уште пет улици во Старата скопска чаршија

Многу реконструкција, малку заштита: Старата скопска чаршија не треба нова да стане!