Темен режим Режим на светлина

Многу реконструкција, малку заштита: Старата скопска чаршија не треба нова да стане!

Реконструкција на „Самараџиска“ и уште пет улици во Старата скопска чаршија Реконструкција на „Самараџиска“ и уште пет улици во Старата скопска чаршија

Старата скопска чаршија со векови била украс на градот. Но, дали во последниве децении тој украс доволно се чува?

Ако на ова одговорат последните неколку градоначалници и министри сите би рекле – да, многу ја чуваме чаршијата. Еве вчера министерот за култура, Зоран Љутков, и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, почнаа реконструкција на една тамошна улица. Велат целта била да го вратат сјајот на еден од најавтентичните урбани простори во Скопје.

И порано вакви помпезни најави и реконструкции во чаршијата имаше, но ако само кратко се прошета по тамошните сокаци се гледа дека чаршијата не се чува доволно. Не е проблемот само во потребата да се поправи калдрмата на некоја уличка. Старите градби слабо се одржуваат, а некои и се паднати и така стојат нагрдувајќи ја чаршијата. Воедно, се почесто кој што сака и каде сака доградува или руши. Во 2022 година беше срушен дури и објект под надлежност на Управата за културно наследство и таму се градеше без дозвола.

Ете тоа е проблемот на чаршијата. Џабе средување една уличка, ако на неа има модерни градби и излози кои воопшто не припаѓаат на автентичноста на чаршијата.

Како тргнала работата Старата скопска чаршија – нова ќе ја направат. Е тоа треба да се спречи.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Извештајот на Вајц дојде и ојде, остана нејасно зошто ни се нуди прозорец за влез во ЕУ, а не врата

Има резултат упорното владино инсистирање за гаранции: Се повеќе ЕУ - политичари бараат решение за маките на Македонија при евроинтеграциите

Следна објава
Медиуми тврдат дека Иран и САД тајно комуницираат, официјален Вашингтон вели не се разговара со Tехеран

Дипломатска треска за втората рунда преговори меѓу САД и Иран, Вашингтон е „оптимист за договор"