Иранската државна телевизија ги повика граѓаните да го пронајдат и фатат американскиот пилот, нудејќи „богата“ награда.
Според иранските државни медиуми, американски авион Ф-15 бил соборен над јужен Иран, што неофицијално го потврдиле и американски претставници за повеќе медиуми.
Ова е прв случај за соборен борбен авион над иранската територија од почетокот на војната пред пет недели.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп засега не го коментирала настанот, а судбината на пилотот е неизвесна.
Постојат спротивставени информации дали пилотот успеал да се катапултира, а иранските власти ги повикаа граѓаните да го предадат доколку е жив, ветувајќи награда.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






