Итно менувам ТВ канал кога ментално ме малтретира политиканството, лагите…

 Маре Стоилова, социолог и психолог по професија и поранешен познат ТВ дописник, на граѓаните им препорачува да гледаат емисии кои ќе овозможат прифаќање на природните вистински вредности.

Што им препорачувате на граѓаните да гледаат на телевизиските програми и зошто?

Граѓанинот би требало да го сврти погледот кон едноставноста на совршената природа во сите нејзини појавности. На глобално ниво постојат такви емисии кои ги пропагираат длабоко втемелените универзални вредности на планетата и на човештвото. Да се гледаат такви емисии кои ќе навлезат на оваа тема во секој дамар и на нашата татковина. Емисии кои во никој случај не би ја навредувале интелектуалноста и интелигенцијата на граѓанинот. Македонскиот гледач е ускратен од она што наликува на слободен дух, самореализација и остварување во групната идентификација со потесната и пошироката заедница. Моја препорака е да се визуелизираат емисии кои алудираат на враќање на колосекот во смисла на асимилација на природни вистински вредности, враќање кон изворот, креирање на став...

Што сметате дека граѓаните би требало да го избегнуваат и да го сменат каналот?

-Под итно менувам канал кога ментално ме малтретира политиканство, проѕирност, лаги, параноја, перење на мозоци, сеење страв… Менувам канал кога судството право седи криво суди, кога на детските емисии се емитува содржина која ја гуши фантазијата, наместо да облагородува, минимизира. Менувам канал кога препознавам луѓе кои за термините алтруизам и емпатија мислат дека се рецепт за салата. Менувам канал кога се пуштаат сапуници кои епизода во епизода темелно го бришат на моменти и свесно егзистирачко втемелување на современ човек. Менувам канал кога ќе видам насилник во приватен живот како на ТВ говорат за ненасилство и ги осудува насилниците.

 Што би направиле како емисија за да биде задоволителна и вредна за гледачите?

-Неблагодарно е да се работи истражувачко новинарство на овој мал простор, каде секој со секој е поврзан на некој начин, бидејки штетните последици за новинарот кој истражува, верувајте ми говорам од лично искувство, можат да бидат неподносливи за животот на еден обичен смртник кој се ставил на страната на правдата и вистината. Значи, сакам емисии со коректни, истражувачки компоненти едновремено едноставни кои пресликуваат секојдневна реалност на граганинот кој е засегнат или појавата која се манифестира во потесната или пошироката заедница.

Дали вашиот град Штип е доволно застапен како тема на македонските телевизии?

о Штип е мистичен град. Ова е мојот генерален впечаток. Не сум родена во овој град на елитарни и сегментарни и понекогаш масонски призвуци, можеби затоа толку силно ги скенирам. Целиот живот го поминувам некаде на периферијата во градот кој за жал не ја добива вистинската медиумска акцептираност, не е сеприсутен пред пошироката македонска и поширока јавност со содржини од кои може да се учи, напредува, угледува, визионизира, респектира или критикува. Можеби затоа го нареков на почетокот Штип како мистичен град во кој многу значајни и суштински прогресивни или назадувачки настани остануваат не маргините или воопшто несподелени со јавноста.

Претходна вестМакедонскиот таеквондист Дејан Георгиевски се повреди, но освои бронза на меѓународен турнир
Следна вестСпасовски: Дојавите за бомби доаѓаат од „ИП“ адреси од Иран и Русија