Ќе биде весело: Нагло порасна бројката за нови 164 заразени и три починати- Тетово, Скопје и Гостивар се кластери

Во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19:

Тетово – 60, Скопје – 34, Гостивар – 21, Куманово и Битола – по 8, Струмица, Кичево и Дебар – по 5, Штип и Кочани – по 4, Прилеп и Струга – по 3, Берово – 2, Охрид и Пехчево – по 1.

Пријавени се три починати лица : две лица од  Гостивар (68г и 86г) и едно лице од  Скопје (82г), починати во болнички услови.

Регистрирани сe 18 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.707 бројката на оздравени пациенти е 150.440, на починати е 5.497, а бројот на активни случаи изнесува 770. Во Скопје активни се 221.

Претходна вестСтаса сертификатот за вакцинација за патување во САД и Канада, од следната недела и зелениот ЕУ пасош
Следна вестНа Бугарите им се советува да не одат во Грција, Турција и Кипар