Темен режим Режим на светлина

Кина сака да ја засили стратегиската соработка со Русија

Во посета на Кина е рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров. Неговиот кинески колега Ванг Ји истакна дека Кина и Русија ќе продолжат да се залагаат за инклузивна и просперитетна економска глобализација и против еднострани акции и протекционизам.

Ји додаде дека Кина и Русија, како големи земји и постојани членки на Советот за безбедност на ОН, имаат важна меѓународна одговорност за решавање на итните прашања. Според него, Кина и Русија заедно ќе обезбедат стабилност на меѓународните производни и логистички синџири и ќе развијат нови движечки сили за глобален развој и напредок.

-Кина сака да ја зајакне својата стратешка соработка со Русија, изјави кинескиот министер за надворешни на средбата во Пекинг со рускиот министер за надворешни работи Лавров.

Како што се соопштува, Лавров и Ванг разговарале и за безбедноста во азиско-пацифичкиот регион и војната во Украина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ги терал децата да питачат по Скопје и Велес па парите ги трошел во казино

Следна објава

Детали за пожарот во Универзална сала: Прво почнала да гори старата иверица, не помогнале противпожарните апарати...