Девет лекари, осум медицински сестри, еден лаборант, еден психолог и тројца болничари на Клиниката за Нефрологија во моментов се заразени со корона вирус, потврдија попладнево од Министерството за здравство.
Меѓу заразените е и директорката на Клиниката, Ирена Бушлетиќ.
Изворот за заразата се уште не е лоциран и во тек се епидемиолошки анкети.
Ова не е првпат на Клиниката да има заразени вработени. Во октомври лани позитивни беа лекар, медицинска сестра и техничар, сите од различни одделина Клиниката.
На Клиниката за нефрологија функционира ковид-центар каде во моментов има 16 пациенти.