Темен режим Режим на светлина

Кремљ им порача на руските функционери да не користат Ајфони

Главната руската администрација им порачала на своиоте функционери да престанат да користат ајфони на Епл. Имало загриженост дека уредите би можеле да бидат осетливи на западните разузнавачки агенции, објави денеска рускиот весник „Комерсант“.

На семинарот организиран од Кремљ за функционери вклучени во внатрешната политика, им било речено на службениците да ги сменат мобилните телефони до 1 април, пишува весникот повикувајќи се на неименувани извори.

Кремљ може да даде други уреди со различни оперативни системи да го заменат ајфонот, се наведува во текстот. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, истакнал дека не може да го потврди извештајот, но дека паметните телефони и онака не можат да се користат за официјални цели.

Инаку, претседателот Владимир Путин секогаш даваше објаснувања дека нема паметен телефон.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

И ВМРО-ДПМНЕ со 2.100 амандмани ги блокираше законите за покачување на платите во судството

Следна објава
Одраз на судирот во Иран врз македонската економија: Нафта ќе има, но по која цена?

Дизелот поевтин за 1,50 денар, бензините за 0,50