„Леден прст на смртта“, убива се што ќе допре

Снимката од ледениот прст на смртта кој полека се спушта од мразот во океанот – познат како леден сталактит или глечер на смртта, стана вирален на социјалните мрежи. Овој феномен може да се најде на Антарктикот, а се јавува кога солта ќе се исцеди од океанот за време на замрзнувањето на водата, што создава многу ладна и солена вода која е потешка од нормалната морска вода и затоа тоне.

Откако ќе удри во морското дно, се шири за да формира голема ледена плоча која брзо може да ги замрзне морски ѕвезди, ежови и други слични живoтни. Може да има дијаметар до 25 сантиметри и да расте и до неколку метри дневно, пренесува Гардијан.

Станува збор за сложен процес кој првпат е снимен во 60-тите години на минатиот век, првпат снимен од Би-Би-Си, а сè уште не е целосно објаснет.

Претходна вестЕврејска заедница и Фондот на холокаустот: Згрозени сме и навредени од маската на Хитлер на карневалот во Струмица
Следна вестСо лажење и крадење туѓи проекти, не се прави рејтинг, му порача Градот Скопје на бутелскиот градоначалник Костовски