Темно Режим Светло Режим

Левица: ДПМНЕ во служба на урбаната мафија изгласа катастрофален ДУП

Советот на Општина Ѓорче Петров на последната вонредна седница на Советот без ниту еден глас против, го изгласа ДУП-от за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Ѓорче Петров, со што општината во овој дел ќе прерасне во едно модерно и урбано место да живеење, место со кое што сите ќе се гордееме и ќе биде ликот на општината, истакна градоначалникот Стојкоски. Денеска, политичката партија ,,Левица” се јави со реакција по изгласувањето на овој дуп:

– Токму кај кружниот тек во Влае, по одобрениот ДУП од страна на градоначалникот Стојкоски и ДПМНЕ и коалицијата – Имер Селмани ќе гради 17 и 20 катници кои целосно ќе ја угушат општината и ќе создадат досега невиден хаос.

Покрај овие бетонски зданија ќе се изградат уште над 30 станбени згради од кои повеќето висококатници: четири 14катници, две 12катници, шест 9катници,седум 7катници и уште десетина пониски станбени згради.
По тој повод, активисти од Левица ЛО Ѓорче Петров ја обелоденија вистинската улога на градоначалникот Стојкоски, стои во соопштението на Левица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Казнети 815 возачи за брзо возење, еден од нив „летал“ со 205 километри на час

Следниот Пост
Еден авион – различни летови на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, ќе извлечат ли поука Социјалдемократите?

Исто сонце ли ја грее Владата и домашниот инвеститор?