Лукаревска: Ќе се стеснува листата на добра и услуги со повластени даночни стапки

Ќе има ревидирирање на онаа листа што значи добра и услуги со пет проценти повластена даночна стапка, и она што значи добра и услуги со 18 проценти повластена стапка, најави денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска. Таа рече дека даночната реформа е во фаза на подготовка и ќе донесе промени и кај ваучер системот.

-Ќе има промени во делот на ваучер системот. Тоа се работи интензивно во дел на една работна група, односно да го закајнеме контролниот механизам. Меѓутоа, сепак и тоа ќе биде дел од даночната реформа, ќе има ревидирирање на онаа листа што значи добра и услуги со пет проценти повластена стапка, и она што значи добра и услуги со 18 проценти повластена стапка. Исто така, ќе има ревидирање на одредени даночни ослободувања и олеснувања за посебни целни групи за да видиме дали истите тие целни групи го даваат соодветниот ефект во полнењето на буџетот, изјави Лукаревска на новинарско прашање по дебатата за женско претприемништво организирана од УЈП.

Таа рече дека сме една од ретките земји и во регионот и во Европа кои што имаат многу голем број и на услуги и на производи кои се одданочени со повластена даночна стапка од пет отсто.

Претходна вестАрсовска им порача на приватните превозници на суд да си ги бараат парите
Следна вестПриведен малолетник кој извршил обљуба врз малолетничка од Скопје