Темен режим Режим на светлина

Македонија ја слави 150-годишнината од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев

Со низа манифестации во Македонија денеска ќе се одбележи 150-годишнината од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев. Централните чествувања ќе се одржат пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, а пригодни манифестации ќе се одржат и пред други спомен-обележја на Делчев во метрополата и во другите градови во земјава.

Голем број од граѓаните на Македонија уште од пред 2-3 дена почнаа на социјалните мрежи да ставаат фотографии од македонскиот великан и да споделуваат цитати од Делчев во кои самиот револуционер посочува дека се бори за Македонија и Македонците.

Инаку, годишнината премиерот Димитар Ковачевски, ќе ја обележи во Брисел каде е во посета на повеќе институции, а испрати порака во која ја потенцира значењето на Делчев.

 Оваа година се навршуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, век и половина почит и слава кон животот и делото на великанот на македонското национално револуционерно дело. Денеска, на 4 февруари на денот на раѓањето на Гоце Делчев се сеќаваме и оддаваме почит на неговиот историски придонес во создавањето на македонската државност, потенцира во пораката Ковачевски.

Претседателот Стево Пендаровски по повод јубилејот од раѓањето на великанот, денеска ќе положи цвеќе на гробот на Делчев во црквата „Свети Спас”.

Годинава, денот на раѓањето на Делчев 4 февруари 1872 година, Кукуш, Егејска Македонија, ќе биде заеднички одбележан од страна на државни претставници на Македонија и на Бугарија.

Опозициска ВМРО-ДПМНЕ најави дека денеска ќе поднесе предлог за Декларација во Собранието за најголемиот македонски револуционер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ВМРО-ДПМНЕ: Бизнисмени биле уценувани и рекетирани од Заев

Следна објава

Што не учи Делчев: Дали може да има друго место за еден Македонец освен Македонија?