Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Бизнисмени биле уценувани и рекетирани од Заев

Претходниот премиер на Македонија рекетирал бизнисмени. Ова го посочуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Повторно по којзнае кој пат се потврди дека главниот рекетар во Македонија е Зоран Заев. Последна потврда за рекетот од страна на Зоран Заев е јавно објавената преписка од страна на Бојан Јовановски – Боки 13, реагираат опозиционерите.

Според нив јасно се гледало дека главата на рекетарскиот октопод е Зоран Заев и како бизнисмени биле уценувани и рекетирани. Доказите потврдуваат, додаваат од оваа партија, како Заев дава насоки со кои од неговите пајташи е најпогодно да се договараат работите.

-Исто така граѓаните можеа да видат како пипците на октоподот продавале и трансформирале државното земјоделско земјиште во градежно земјиште. Додека земјоделците мака мачат како да преживеат, Љупчо Николовски за само еден ден трансформирал и продавал земјиште. Љупчо Николовски по објавените пораки како прави криминал со трансформацијата на земјоделско земјиште за личен бенефит, треба веднаш да си поднесе оставка од функцијата министер за земјоделие. Целосен молк од страна на Заев, Николовски, Рашковски и сите повикани во преписката на обвинетиот во случајот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановси – Боки 13“, е истакнато во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

И покрај јавно објавените докази, и покрај сите сведочења на бизнисмени и граѓани за рекетот и криминалот на власта на СДСМ, од ВМРО- ДПМНЕ посочуваат дека главните виновници не се седнати на обвинителна клупа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Без струја Аеродром и Петровец

Следна објава

Македонија ја слави 150-годишнината од раѓањето на големиот македонски револуционер Гоце Делчев