Македонија во ноември домаќин на Европското првенство во ракомет за жени

Македонија и Македонската ракометна федерација (РФМ), следниот месец ќе бидат домаќини на европски шампионат за ракометарки, мечевите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонија континенталното првенство го организира заедно со Црна Гора и Словенија.

Првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов, е убеден дека Македонија ќе биде добар домаќин.

„За нас како федерација ова е голем предизвик и голема чест. Сакам да им дадеме огромна поддршка на ракометарките и на стручниот штаб, апелирам во што поголем број да дојдат навивачите и да им дадат поддршка на нашите репрезентативки. Секојдневно сме во координација Словенија и со Црна Гора за да бидеме беспрекорни домаќини, не е лесно кога три различни држави треба да одговорат на исти обврски на ист начин, но ние сме подготвени и за тоа“, изјави Мукаетов.

Амбасадот на ЕП е поранешната репрезентативка и капитен на македонската репрезентација, Гордана Нацева.

„Чувствувам голем предизвик, ист како кога бев дел од репрезентацијата. Мојата инспирација, мојата заложба ќе биде да допреме до секое девојче кое сака да се занимава со спорт. Само девојки со самодоверба, жени вклучени во спортот што знаат што значи напорна работа ќе бидат и од полза на општеството“, изјави Нацева.

Европското првенство ќе се одржи од 4. до 20.ноември. Македонија е во група со Франција, Холандија и Романија.

Претходна вестСузбиена организирана криминална група, која шверцувала хероин во Хрватска
Следна вестСончево и топло, температура до 30 степени