Темен режим Режим на светлина

Тиквеш ја совладаа Македонија ЃП

Фудбалерите на Тиквеш се искачија на второто место на табелата во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во Кавадарци ја совладаа Македонија ЃП со високи 4-0 (2-0) во воведниот натпревар од 10. коло.

Триумфот на домашниот тим им го донесоа двојноте стрелци Иван Ивановски (44 минута, 50, пенал) и Анаел Нгоба (45+1, 80).

Тиквеш сега е второпласиран на табелата со 16 бодови од десет натпревари, додека Македонија ЃП е осмопласирана со девет бодови од девет натпревари.

Редовното 10. прволигашко коло ќе биде комплетирано утре со дуелите меѓу Академија Пандев – Шкупи, Скопје – Работнички, Шкендија – Брегалница и Силекс – Победа.

Слободен во ова коло е лидерот Струга.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка

Трагедија во Македонија: Загина 14-годишно момче

Следна објава
УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Сончево со температури до 26 степени