Темен режим Режим на светлина

Македонското меѓународно движење за човекови права бара отштета од 10.000 евра од Османи

Во Основниот граѓански суд Скопје денеска започна судењето по тужбите поднесени на 27 јануари 2023 година против министерот за надворешни работи Бујар Османи од страна на претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов и ММДЧП како организација. Станува збор за тужби според Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета.

ММДЧП објави дека Османи лани во октомври за бугарската телевизија БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград. Тој го посочи ММДЧП како еден од финансиерите на македонскиот клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград и рече дека се работи за фондација од Канада која работи спротивно на интересите на државата, спротивно на интересите на македонските стратешки партнери, како и дека тоа е организација која е антиамерикански, анти-НАТО и анти-ЕУ ориентирана. Османи тогаш оцени дека ваквата поставеност на работите е спротивна на интересите на македонските граѓани и на македонската заедница во Бугарија.

На денешното рочиште, полномошникот на тужителот, Трајче Торов, ги претстави доказите кои се дел од тужбата и одговори на повеќе приговори во однос на тужбата. Тој информираше дека е поднесено барање за извинување до електронските адреси на тужениот, меѓутоа, како што рече, „до ден денес немаме никаков одговор“. Торов посочи дека се бараат 10.000 евра од Османи, доколку се докаже дека го исклеветил здружението.

-Суштината е дека не смее функционер, властодржец кој има моќ, да ги навредува финансиерите на борците за човекови права и борците за човекови права. Финансирањето на Здружение на македонското малцинство од Бугарија да се третира како сомнителна работа и како антидржавен елемент е ставање на мета на тие финансиери и здруженија. Се обвинуваат здруженијата дека се сами криви за состојбата во која се нашле оти прифаќаат помош од кој било. А тужениот е тој што треба да ги помага и има должност да ги помага жртвите кои имаат повредени човекови права, а не да се става од друга страна да ги навредува помагачите на тие жртви, кажа адвокатот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП).

Според авокатот на тужениот Османи, Љупчо Илиев, кој имаше предлог тужбеното барање да биде одбиено како неосновано, од содржината на тужбата не може да се прифати дека обвинетиот е виновен за она за кое што се товари.

– Од изнесената содржина во тужбата, поточно од наведените изјави во тужбата, апсолутно не може да се прифати, т.е. утврди, дека обвинетиот, со изјавите, искажал понижувачко мислење, со кое се повредуваат честа и угледот на тужителите, а уште повеќе не може да се утврди намера за омаловажување на кој било, што би значело и на тужителите. Тој изразува само една јавна критика на однесување на здружение, рече адвокатот Илиев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Запален автомобилот на заменик директорот на Идризово додека бил во џамија

Следна објава

Сосед силувал 14 годишно девојче и ѝ се заканил дека ќе ја убие ако каже некому