Темен режим Режим на светлина

Малолетник насилно внесен во автомобил, успеал да побегне

Малолетник од тетовско Јажинце пријавил дека две лица се обиделе насилно да го внесат во автомобил „бмв“. Малоетникот успеал да искористи прилика и да избега од автомобилот.

– Доцна синоќа околу 22 часот и 35 минути, во Блок 77 во Тетово, приведен е 23-годишниот Ј.А. од тетовско Селце.  Ј.А. бил пријавен од малолетник од тетовско Јажинце дека заедно со уште едно друго лице физички го нападнале и го внеле во патничко моторно возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки,  соопшти СВР Тетово.

Според пријавеното, малолетникот искористил прилика и избегал од возилото. Се расчистува и документира случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Алкалоид потпиша нов меморандум за соработка со УКИМ, можност за практикантска работа на студентите

Следна објава

Најава за нов протест на болните од цистична фиброза, лекот „трикафта“ не се набавува за сите