Темен режим Режим на светлина

Мицкоски: Владата за 6 години потроши повеќе од 25 милијарди евра, а од ветеното ништо не испорача

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна денеска на сработеното од власта. При посетата на Сртумица тој рече:

-Oд 2018 година или за 6 години потрошија повеќе од 25 милијарди евра. Граѓаните треба да ги прашаме што видоа, што е направено со овие пари, колку километри автопат е направен, освен тоа што беше речиси готово и само го финишираа. Гледате што се случува за автопатот во делот Кичево – Охрид, застој целосен, и на отворена сцена имаме политички и криминални калкулантства. Најавија проект, потрошија повеќе од 200 милиони евра, буквално ниту една шајка не заковаа, од ветеното ништо не испорачаа, истакна тој.

Мицкоски укажа дека не е направено ништо ниту во Струмица каде што многу ветуваа.

-Се сеќавам на индустриската зона Сачево, појдете да видите дали од најавените десетици инвестиции, дали еден темел е ставен. Ние сме подготвени сериозно да ја трансформираме Македонија, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски укажа дека партијата има јасен план што да се направи и во овој регион, како и во целата држава.

-Ние имаме јасен план, а тие потрошија многу пари и ништо не испорачаа, сѐ помал е лимитот за изработка на големи суштински проекти. Но, ние треба првин основните да ги реализираме затоа што граѓаните имаат потреба од основни работи, рече Мицкоски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во Гостивар одбележани 100 години од раѓањето на херојот Чеде Филиповски – Даме: Имаше неизмерна храброст за јуришање во сите борби

Следна објава

Времето денес променливо облачно со засилен ветер