Мицкоски: Нема да има седница за пожарот во Тетово за да не се лоцира вина

Власта нема да свика собраниска седница за несреќата во Тетово, затоа што така ќе биде лоцирана вина, и кабелот нема да биде виновен како до сега.

Вака, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговори на новинарско прашање, дали очекува Собранието да се свика по барањето за расправа за несреќата во Тетово.

-Владата го лоцираше, и Зоран Заев, виновникот за 14 луѓе што живи гореа, за нив виновникот е продолжениот кабел, не е виновникот ниту Венко Филипче, ниту Зоран Заев, ниту заменикот Хасани, ниту Бесими директорот на болницата, ниту тие што пуштиле објект во употреба, што не требало да го пуштат, виновник бил кабелот. Така што не очекувам да свикаат таква седница, иако ние поднесовме, еве пречката беше формална, велеа дека требало да се користи новата придавка во името. Јас реков, еве јас ќе трпам политичка штета, ќе ја користиме и ќе поднесеме ако е тоа проблемот, еве поднесовме не очекувам да свикаат затоа што знаат дека на тој начин ќе треба да ја признаат вината и дека нема тогаш да биде виновен кабелот туку точно по вертикала ќе биде лоцирана вината. Така што од овие политички измамници и криминалци не очекувам ништо, истакна Мицкоски за време на посетата на Битола.

Претходна вест35% од населението во земјава е целосно вакцинирано, 45% од возрасната популација
Следна вестДали веќе го играме најтешкото (оро)?