„Мултимедијална летна ноќ“ во Куршумли Ан вечерва и на 14 септември, по повод 30 години независност на Македонија

„Мултимедијална летна ноќ“ е името на манифестацијата која, по повод одбележување на независноста на Македонија ќе се одржува вечерва и на 14 септември. Вечерва почнува во 21 часот во објектот Куршумли Ан, а исто е времето и местото и на 14-ти.

Вечерва мултимедијалната ноќ е резервирана за филм, музика, поезија, ликовна уметност, живот и творештво на Блаже Конески, Кочо Рацин и Петре М. Андреевски, ќе има актерски и сликарски перфоманси, но ќе се слушнат и стиховите на истакнати поети: Сузана Мицева, Стојан Арсиќ, Арлинд Фаризи, Лејла Шериф и Сејдо Јашаров.

На вториот ден од „Мултимедијалната ноќ“ ќе настапат и музичарите Глигор Кондовски на виолина, Јован Василевски на пијано и познатиот музичар Горан Трајковски.

Претходна вестД-р Марковски: Притисокот да се вакцинираат децата е нелогичен и научно неoснован
Следна вестСончево и топло со температури до 32 степен