Турската претстава „Венера во крзно“ вечерва на театарскиот вестивал „Скупи“

„Венера во крзно“ претставата на турските актери од театарот Јолџу од Истанбул, е вечерва на репертоарот на третиот ден од 14 по ред Меѓународен театарски фестивал Скупи, кој се одржува во Куршумли Ан. На 10 септември пак доаѓаат актери од Софија со преставата „Соба за гости“ во режија на Зафир Раѓаб.

В сабота на 11 септември на програмата предвиден е Народен театар Тузла, со преставата „Крекање“ на Алеш Курт, а затворањето е на 12 септември со „Пикасо и Ајнштајн во еден бар во Париз “ од театар Метропол Тирана во режија на Армела Демај.

На крајот ќе се бираат и најдобри, оти Скупи фестивалот има и натпреварувачки карактер, а жирито е составено од Тауланда Јупи, режисерка од Тирана, Аделина Марку и Елмазе Нура, режисерка од Приштина.

Претходна вестЖртвите соопштени на Твитер, државниот врв синоќа не застана пред камери- денеска вонредна владина седница
Следна вестБројот на жртви во пожарот во Тетово се искачи на 14, се испитува дали има и други починати лица