Околу 30.000 парчиња на разни пиротехнички средства се запленти синоќа во полициската акција на скопски Бит пазар.
-Во акцијата се приведени две лица. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
Акцијата била спроведена од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје.