Темен режим Режим на светлина

Неодамнешните трагедии на патиштата го вклучија алармот кај полицијата, но не и кај возачите

Санкционирани се 133 возачи за недавање предност на пешаци на пешачки премин во вчерашната акциска контрола на Министерството за внатрешни работи, од кои 71 на територија на Скопје.

При контролата се изречени санкции за 146 сообраќајни прекршоци по друг основ.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека и денеска и во наредните денови ќе продолжат со ваквите акциски контроли.

Апелираат до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Исто така, апелираат и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што, нагласуваат, непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Состојба на патишта: Без гужви и со нормален проток на границите

Следна објава

Се санираат оштетувањата на три булевари во градот