Во текот на викендот теренските служби на Град Скопје и ЈП Улици и патишта почнаа со санација на крупните оштетувања на коловозите на неколку локации, односно „Јужен булевар“, булевар „Осми септември“ и булевар „Борис Трајковски“ (населба Пинтија кон населба Драчево), информираа од Град Скопје.
Додаваат дека санирање на улиците и булеварите во Град Скопје е еден од приоритетите на ЈП Улици и Патишта, кои во континуитет ги следат потребите за итна санација на одредени булевари низ градот, но и отпочнуваат со нови решенија за подобрување на патната инфраструктура во градот Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:


