Нијаз Јусуфи повеќе не е дел од ФК Вардар

Нијаз Јусуфи повеќе не е дел од ФК Вардар и од наредната полусезона ќе настапува за ФК Гостивар. Трансфер спогодбата е постигната во согласност помеѓу двата клуба.

-Би сакале да истакнеме дека направивме максимални напори, со цел да изнајдеме позитивен договор за продолжување на соработката, свесни за потенцијалот на младиот Вардаров бисер, но сепак на крајот не успеавме да ја промениме одлуката и пред се желбата да си замине.

За црвено-црниот дрес Нијаз одигра вкупно 42 натпревари и постигна 3 гола.

Во името на клубот му се заблагодаруваме за ангажманот и посветеноста со која ги бранеше боите на големиот Вардар и воедно му посакуваме успех во понатамошниот дел од кариерата, порачаа од Вардар.

Претходна вестЛазаров: Ако на некој меч имаме некаква шанса, тоа е против Швајцарија, треба да излеземе на терен со чисти глави
Следна вестСнежна лавина во Кина зароби 1.000 луѓе, снегот е висок 7 метри