Темно Режим Светло Режим

Nike отпушта речиси 1.700 работници

Американскиот производител на спортска облека Nike отпушта речиси два отсто од својата работна сила за да ги намали трошоците во период на послаба побарувачка.

Високите трошоци за живот доведе до тоа граѓаните да купуваат помалку спортска опрема, поради што трговците ги намалија нарачките, а Nike одлучи да ги намали трошоците за две милијарди долари.

Компанијата соопшти дека ќе укине приближно 1.700 работни места од вкупно 83.700 работни места ширум светот, нагласувајќи дека нема да отпушти продавачи и работници во дистрибутивните центри.

Nike се соочува и со тешка конкуренција од брендови како Hoka и On Cloud.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Данскaта премиерка објави: Ја испраќаме сета артилерија што ја имаме во Украина

Следниот Пост
Поддржувачите на Навални ја одбележуваат годишнината од неговата смрт

Повеќе од 400 луѓе приведени во Русија за време на протестите по смртта на Навални