Николоски: Владата се согласила на милионски пенали кон „Бехтел и Енка“ ако не се обезбеди поголема работна недела

Владата се согласила на огромни пенали кон „Бехтел и Енка“ ако не се обезбеди поголема работна недела од 40 на 60 работни часа, изјави синоќа објави потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во интервју за Сител тој наведе дека имал увид во договорот што Владата го потпишала со „Бехтел и Енка“ и дека ќе се плаќаат пенали по три основи доколку времетраењето на работната недела не се смени во рок од 45 дена од потпишувањето на договорот.

-Ако не се обезбеди поголема работна недела, Владата презела обврска еднократно да ѝ исплати на „Бехтел“ 53 милиони евра пенали, потоа секој месец да доплаќа по уште 1.265 000 евра на веќе постојните трошоци и на ова дополнително да плаќа по уште 900 000 евра секој месец.

Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека Владата се обврзала и на тоа за секоја делница да се даваат по дополнителни шест месеци рок на изградба, со што, рече Николоски, тие пет години во коишто беше споменувано дека ќе се завршат делниците, значи дека ќе станат седум и пол години.

Николоски ја повика власта да каже дали ваквите наводи се точни, иако повтори дека се точни зашто имал увид во договорот.

 

Владата се согласила на огромни пенали кон „Бехтел и Енка“ ако не се обезбеди поголема работна недела од 40 на 60 работни часа, изјави синоќа објави потпретседателот на опозииската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Во интервју за Сител тој наведе дека имал увид во договорот што Владата го потпишала со „Бехтел и Енка“ и дека ќе се плаќаат пенали по три основи доколку времетраењето на работната недела не се смени во рок од 45 дена од потпишувањето на договорот.

-Ако не се обезбеди поголема работна недела, Владата презела обврска еднократно да ѝ исплати на „Бехтел“ 53 милиони евра пенали, потоа секој месец да доплаќа по уште 1 265 000 евра на веќе постојните трошоци и на ова дополнително да плаќа по уште 900 000 евра секој месец.

Потретседателот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека Владата се обврзала и на тоа за секоја делница да се даваат по дополнителни шест месеци рок на изградба, со што, рече Николоски, тие пет години во коишто беше споменувано дека ќе се завршат делниците, значи дека ќе станат седум и пол години.

Николоски ја повика власта да каже дали ваквите наводи се точни, иако повтори дека се точни зашто имал увид во договорот.

Претходна вестДиректорот на битолската болница Обединковски се повлекува од „морални причини“
Следна вестНорвешките богаташи се селат во Швајцарија, бегаат од високи даноци