Нови 75 случаи на Kовид-19, двајца починати

Во последните 24 часа регистрирани се нови 75 случаи на Ковид-19, од направени 937 тестови, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи во Скопје се 61, Битола 6, Кочани 2, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Штип, Кичево и Пробиштип по 1. Од вкупниот број на позитивни (75), регистрирани се 11 реинфекции.

-Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две од Скопје (69г и 91г.) починати лица, во период од 15 мај до 7 јуни оваа година. Од починатите, едно лице е починато во болнички услови, а едно во домашни услови, се наведува во информацијата.

Регистрирани се 60 оздравени пациенти од: Скопје – 29, Битола – 10, Штип – 7, Гостивар – 5, Тетово – 2, Кочани, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Делчево, Берово и Крушево – по 1.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.748, бројот на оздравени пациенти е 303.065, на починати е 9.318, а бројот на активни случаи изнесува 365.

Претходна вестЏафери одговори на интерпелацијата – имал право да ги заклучува пратениците
Следна вестЛевица: Деградација и бришење на Агенцијата за млади и спорт е нејзиното ставање под Министерството за односи помеѓу заедниците