Левица: Деградација и бришење на Агенцијата за млади и спорт е нејзиното ставање под Министерството за односи помеѓу заедниците

Деградација и бришење на Агенцијата за млади и спорт претставува нејзиното интегрирање под раководство на Министерството за односи помеѓу заедниците, предупреди денеска политичката партија Левица.

Весна Кираџиева, партиската коодинаторка за Сектор спорт на прес-конференцијата изајви дека се работи за поможувачка одлука за спортот во Македонија. Таа наведе дека со Записникот од Советот за Јавна Администрација од 13. јули 2021 година и усвоениот Интегриран извештај за државна реорганизација на седница на Владата од 08. Март 2022 година, прифатено е Агенцијата за млади и спорт да биде под Министерството за односи помеѓу заедниците.

-Без вршење на никаква претходна анализа во однос на спортот во Македонија, или консултација со АМС, Артан Груби предложил, а Зоран Заев се согласил со оваа понижувачка одлука која го засега спортот во Македонија! Тоа значи дека Агенцијата за млади и спорт ќе биде деградирана од самостоен орган што досега беше случај и ќе влезе под раководството на Министерството за односи помеѓу заедниците. На Македонија ѝ е потребно Министерство за спорт кое ќе го води спортот и ќе го издигне на нивото на кое заслужува!, нагласи таа,

Според Кираџиева, на спортот во државата му е потребно да се надгради од ниво на Агенција, во соодветно Министерство кое ќе се грижи за напредокот, а не да се случува спротивното – спортот да се деградира на ниво на некаков орган под било кое министерство. На спортистите им е потребен претставник на Владините седници кој ќе одлучува рамноправно за националните прашања како што е и спортот, заедно со останатите Министри, а не за судбината на спортистите да одлучуваат луѓе кои воопшто не знаат што тоа значи, како што е случај токму сега.

– Јасна е целта на предлогот на Груби и ДУИ, а поддржани од СДСМ на Заев и Ковачевски да ја продолжат својата агенда на поделба во општеството, во кое провоцираат поделба на национална основа, а целта е профит и купување на гласови кога распределбата на буџетот и во овој дел ќе бидат поделени на национална основа, а нема да не изненади доколку видиме таква нацонал-шовинистичка поделба и на ниво на спортските федерации, за што Левица опоменува веќе некое време наназад, потенцира таа.

Левица го повика директорот на Агенција за млади и спорт, Наумче Мојсовки, како и сите спортски федерации, клубови, спортисти и младински организации но и сите политички партии да се спротивстават на оваа одлука.

Претходна вестНови 75 случаи на Kовид-19, двајца починати
Следна вестТупанчевски: Ќе има одговорност за внесување на ножеви, дрога, телефони…во затворот во Идризово