Темен режим Режим на светлина

Нови дела од Родољуб Анастасов вечерва се излагаат во Музејот на Град Скопје

Повеќе од 200 портрети, насликани во периодот 2016-2022 вечерва во 20 часот ќе бидат изложени во Музејот на Град Скопје како излоба на реномираниот македонски сликар Родољуб Анастасов.

Изложбата е насловена како „Визии-Глава полна со луѓе“, а кураторка е Јасмина Намичева, а каталогот го подготви Љубен Пауновски.

Осумдесет и осумгодишниот Анастасов е еден од најважните сликари во современата македонска уметност.

Во 2009, Американскиот биографски институт го вброи Анастасов меѓу 500 најголеми генијалци во светот во 21.

век. Од 1980 до пензионирањето беше професор на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје. Во 2011, Анастасов на Музејот на Град Скопје му подари збирка од вкупно 389 дела.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Гевгеличани шверцувале Индијци и Кинези

Следна објава

МВР: Приведени тројца крадци, биле затекнати при обид за кражба