Научното списание на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ го доби својот прв меѓународен „фактор на влијание“

Научното списание и официјалната публикација на Факултетот за ветеринарна медицина при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје успешно го заврши процесот на евалуација кај престижната (Clarivate Analytics) и го доби својот прв фактор на влијание според (Journal Citation Reports) за оваа година.

Од Факултетот велат дека ова е извонреден успех во полето на науката. За оваа година биле евалуирани околу 21.500 висококвалитетни академски списанија, од над 250 научни и истражувачки дисциплини од 112 земји од целиот свет. Факторот на влијание е доделен само на списанија кои ги исполниле 24-те ригорозни критериуми за квалитет применети при евалуација од странски експерти односно само 15 отсто од списанијата кои се оценети и ја поминале оваа селекција.

Постигнат е извонреден успех во полето на науката на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје што сериозно ќе влијае на развојот на научниот помладок и севкупната науката во нашата држава и дека е еден од лидерите во областа научните достигнувања во државата и пошироко и влијае на севкупните постигнувања на државата при рангирањето во светските научни бази, истакнува деканот проф. д-р Лазо Пендовски, главен и одговорен уредник на списанието.

Индексирано е во повеќе од 45 научни бази меѓу кои „Web оf Science“, „Scopus-Elsevier“, „EBSCO“, „DOAJ“, „Agricola“.

Публикацијата на Факултетот за ветеринарна медицина е третото научно списание во Република Северна Македонија кое има фактор на влијание, од вкупното шест индексирани списанија на Clarivate Analytics. Едното е научно списание на МАНУ, а другите две се списанија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Претходна вестЕдинаесет студенти со македонско потекло на тринеделен студиски престој во земјава
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: За 5 години Железници потрошиле 100 милиони евра без ниеден проект, каде завршуваат парите?