Обвинение за двајца скопјани за грабнувањето на внукот на Бошковски: Намерата им била да ја плати дрогата која ја украл

Поднесен е обвинителен акт против две лица од страна на ОЈО Скопје којшто се однесува на случајот со грабнувањето 26-годишниот Самоил Костадинов, внукот на Љубе Бошкоски во март годинава.

Јавното обвинителство деенска соопшти дека едното лице е обвинето за кривично дело – Грабнување од член 141 став 2 во врска со став 1, сторено во соизвршителство, додека второто е обвинето за помагање при извршувањето на кривичното дело. За истиот настан, постапката против уште едно лице е привремено прекината до негово пронаоѓање и лишување од слобода.

-На 3 март, на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје, првообвинетиот, заедно со лицето кое се наоѓа во бегство и други непознати лица, извршиле грабнување на едно лице, со закана дека ќе го лишат од живот. Намерата им била да го натераат оштетениот да плати претходно украдена наркотична дрога – хероин во количина од 4 килограми. Второто лице опфатено со Обвинителниот акт со умисла им помогнало, ставајќи им на располагање средство за извршување на кривичното дело – автомобил „Волво В40“ со скопски регистарски ознаки, се наведува во соопштението.

Со возилото обвинетите го однеле оштетениот на непознато место спротивно на неговата волја.

-Во следните неколку дена, преку пораки на мобилни апликации од непознати испраќачи, членови на семејството и блиски лица на оштетениот добивале пораки со барање за уплата на средства за наводно преземена, а неисплатена наркотична дрога. Со цел да се прикријат трагите, возилото со кое е извршено кривичното дело и во кое последен пат бил виден оштетениот, било опожарено во Драчево, наведува ЈО.

Јавниот обвинител, со поднесување на обвинението, предложи да биде продолжена мерката притвор за првообвинетиот, додека за помагачот претходно определените мерки на претпазливост да се заменат со мерка куќен притвор.

Претходна вестКој на Македонија и ја одзеде независноста?
Следна вестТрајковски со порака до Италијанците: Пак сакам да прославам со гол