Осумкратниот убиец од Младеновац ги откри мотивите за злосторството – „Правеа заговор против мене“

Чувствував потсмев. Селаните правеа заговор против мене… вакво објаснување за убиство на осум лица во Младеновац пред полицијата го дал сторителот Урош Блажиќ (20). Тој неодамна направи крвав пир во селата кај Младеновац во која уби осум лица, а рани 15. Како што дознава „Блиц“, тој се обиде да го оправда масакрот што го направи тврдејќи дека трпел насилство во основно училиште, како и дека селаните „го исмевале и му правеле заговори“.

Урош ги раскажа деталите од својот живот и со тоа откри потенцијален „мотив“ за ова невидено злосторство. Тој не беше во блиски односи со убиените, што го потврдија и селаните, кои рекоа дека го познаваат само од видување. Мештаните шокирани од трагедијата се обидоа да разберат зошто Блажиќ ги нападна соседите со оглед на тоа што не беше близок со никого.

Од друга страна, тој во сведочи и тврди дека селаните го исмејувале.

– Чувствував потсмев. Селаните правеа заговор против мене – изјави Блажиќ.

Тој раскажа и како селаните наводно зборувале лоши работи за неговиот татко, вклучително и дека тој е „криминалец“. Тој се осврна на своето растење и периодот од основното училиште. Како што рече, децата го исмејувале бидејќи има потемна кожа и не сакале да се дружат со него.

– Од мали нозе гледам неправда и тага, неправдата на општеството се одразува на мене. Немам идоли, јас сум православен, Србин, христијанин, не пушам, не пијам алкохол – изјави Блажиќ.

За време на неговото сведочење, во кое се обиде да го оправда монструозното злосторство, спомена и како се дружел со јавни личности. Тој раскажа како бил близок со некои учесници во реалното шоу – Никола Ѓорѓевиќ, Филип Цара, како и со старлетата Дениз Дејм, па дури и го наведе ова како причина за љубомората за која тврди дека другите ја чувствуваат кон него.

Блажиќ беше на распит во Вишото јавно обвинителство во Смедерево каде му е одредена мерка притвор до 30 дена. Во таа прилика раскажа како сакал да го „исплаши селото“.

– Тој призна дека го извршил масакрот, наведувајќи дека со автоматска пушка и пиштол на три локации на територијата на Смедерево и Младеновац пукаше во неколку лица кои биле во група, а кои не ги познавал, за да го исплаши населението од споменатите населени места, изјави извор за „Блиц“.

Претходна вестСојуз на средношколци: ДИЦ има право на штрајк, но државна матура мора да има
Следна вестТешка сообраќајка кај „Три Чешми“, повредени седум лица