Пелистер подобар од Војводина во СЕХА лигата

По двата незгодни порази против Војводина и Нексе на гости, Еурофарм Пелистер стигна до одмазничка 30:25 (14:12) победа над Војводина во третото коло во регионалната СЕХА-лига.

Пелистер загуби на гостувањето во Нови Сад со високи 29:24, но пред домашна публика не му дозволи на актуелниот српски шампион да направи изненадување, во меч во кој водеа од почеток до крај.

Каспер Кисум беше убедливо најефикасен кај Пелистер со 9 постигнати голови, додека Вилсон Давајес додаде седум гола. За Војводина Никола Ковачевиќ постигна седум гола.

Претходна вестПарс: Голем интерес за Катедрата за македонски јазик и литература во Турција
Следна вестСамо неделава во Францијa запленет кокаин вреден 150 милиони евра