„Петар Пан“ – момчето што не сака да порасне, на 31 март ќе се игра во НОБ

Детската балетска претстава Петар Пан по долго време повторно ќе биде дел од реперторот на Националната опера и балет во Скопје. Претставата во режија и кореографија на Ирена Лозинска премиерно ќе биде изведена на 31 март.

Сценариото и сонговите за претставата ги напиша Ристо Самарџиев, за костимографијата беше задолжена Елена Вангеловска, а сценографијата е на Љупчо Јованов. Музиката е на Владимир Дојчиновски –Дојчин, а продукцијата на М-Соунд.

Во музичко балетскиот спектакл ќе учествуваат и 56 деца од балетско студио „Арт балет“, заедно со Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау, гостите при балетскиот ансамбл.

Претстава за „Петар Пан“ момчето што не сака да порасне ќе биде изведена на последниот ден од месец март во НОБ од 17:30 и 20 часот.

Претходна вестСекој трет граѓанин скенира фискални сметки, корисниците треба да преземат нова апликација
Следна вестГо има ли ова на друго место во светот: 10 години на централен плоштад стои смачкана зграда?