Темен режим Режим на светлина

По неколкудневно затишје, денеска двајца починати од ковид – нови 19 се заразени

Во последното деноноќие, два лица, од Скопје (80) и Куманово(73) починале како последица од ковид, додека регистрирани се 19 нови заразени, од направени 3.680 тестирања.

Новите случаи се од: Скопје – 7, Куманово – 4, Крива Паланка – 3, Прилеп, Охрид, Струмица, Тетово и Кичево – по 1.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.612, бројката на оздравени пациенти е 149.722, на починати е 5.474, а бројот на активни случаи изнесува 416, од кои 158 во Скопје.

Во девет града: Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Берово, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево, Дојран нема активни случаи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

(ФОТО) Обновен главниот конак во „Свети Пантелејмон“, задржана е автентичноста

Следна објава

Случај ЕУ против „Астра Зенека“: Никој не признава пораз